Утрински Весник
Свет

Талибанците го уапсија поранешниот претседател на Авганистан

Талибанците го уапсија поранешниот претседател на Авганистан

Талибанците го уапсија поранешниот претседател на Авганистан, Хамид Карзаи. Тој е во куќен притвор, а личното обезбедување му е одземено, пренесуваат светските медиуми.

Талибанците му го одзедоа обезбедувањето и на поранешниот премиер Абдула Абдула, кој е на чело на Високиот совет за национално помирување.

Во понеделникот талибанците го конфискуваа оружјето од придружбата на Карзаи и му ги конфискуваа возилата, поради што поранешниот претседател се здружи со својот поранешен ривал на претседателските избори во 2014 година, објави Си-eн-eн.

Талибанците ги запленија и автомобилите на политичарите кои во моментов се на милост и немилост на движењето, додаваат медиумите.

Можете да прочитате

Путин: Киевскиот режим ја отвори Пандорината кутија, ќе добие одговор

САД и Канада не успеаја да постигнат трговски договор, канадскиот премиер најави контра царини за Вашингтон

Макрон најави засилена воена поддршка за Украина по рускиот напад врз Кривиј Рог