Утрински Весник
Македонија

(Видео) Костадинов: СДСМ ја има најдобрата понуда за секоја општина, во понудата на ВМРО-ДПМНЕ не верува ниту Мицкоски

(Видео) Костадинов: СДСМ ја има најдобрата понуда за секоја општина, во понудата на ВМРО-ДПМНЕ не верува ниту Мицкоски

СДСМ утврди 51 кандидат за градоначалници за претстојните локални избори. Станува збор за докажани, угледни, професионални личности кои се мотивирани и подготвени да работат одговорно и посветено за својата општина, истакна портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов.

СДСМ, рече Костадинов, на овие избори излегува со најдобрата програмска и кадровска понуда со која ќе продолжи развојот на општините.

Според Костадинов, локалните избори се избори на личности и токму тоа е една од клучните предности на СДСМ.

„За разлика од чесната, одговорна понуда на СДСМ, понудата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски е понуда од немај каде. Таму не само што нема нови лица, туку огромен дел од нив се луѓе на Никола Груевски, личности кои во минатото, во времето на режимот, биле на високи функции на државно и локално ниво. Очигледно дека ниту самиот Мицкоски не верува во сопствената понуда на кандидати. Фактот што Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да извадат свој кандидат за градоначалник на Град Скопје и Општина Центар, говори за поразот што ја очекува опозициската партија во главниот град, но и во многу други општини низ целата држава“, потенцира на прес конференцијата Костадинов.

На граѓаните, вели тој, им е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат никаква понуда за овие локални избори.

Можете да прочитате

Македонец и Албанец осудени за брутално убиство во Малта – едниот со 40 години, другиот доживотно

Арсовска: Секој ден се фаќаат по 30 диви приклучоци на вода, МВР мора да постапува!

Хеликоптерот на МВР исфрли повеќе од 30 тони вода во реонот на Дојран