Утрински Весник
Свет

Американската војска и ЦИА тајно ги извлекуваат граѓаните од Кабул

Американската војска и ЦИА тајно ги извлекуваат граѓаните од Кабул

Американските вооружени сили и ЦИА спроведуваат тајни операции со цел евакуација на своите граѓани надвор од аеродромoот во кабул, објави „Волстрит Журнал“.

Според американскиот весник, ЦИА започнала неколку тајни операции со цел евакуација на Американците од Кабул, но и од други локации, користејќи воени хеликоптери.

Покрај тоа, американските војници, заедно со нивните соработници, особено Британците и Французите, спроведуваат операции на терен во кои ги извлекуваат своите сонародници, како и Авганистанци со зелена карта и специјални визи, но приоритет им се дава на американските граѓани, објавија агенциите.

Откако администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден објави крај на военото присуство во Авганистан и започна евакуација, Талибанците започнаа офанзива против авганистанската влада и ја презедоа контролата врз поголемиот дел од земјата на 15 август, кога без борба го зазедоа главниот град Кабул.

Можете да прочитате

Украина им дозволи на мажите на возраст од 18 до 22 години да ја напуштат земјата за првпат од почетокот на војната

Трамп најави дека ќе воведе смртна казна за секое убиство во Вашингтон

НАТО распореди германски борбени авиони поради руско присуство во Балтичкото Море