Утрински Весник
Свет

Третата доза вакцина 97 отсто ефикасна по 16 дена од примањето

Третата доза вакцина 97 отсто ефикасна по 16 дена од примањето

Заштитата од тешка форма на Ковид-19 се зголемува на 97 проценти 16 дена по третата доза на вакцината против коронавирус, објави израелскиот ТВ Канал 12.

Според податоците на израелското Министерство за здравство, заштитата од инфекција достигнува 95%, исто така 16 дена по третата доза.

Во извештајот се наведува дека иако нивото на антитела е значително повисоко за седум дена од третата доза, тоа го достигнува својот врв по 16 дена.

Повеќе од 1,7 милиони Израелци добија трета доза од почетокот на август, а од вторник, Израелците над 30 години, исто така, можат да ја добијат третата доза, додека над 70 проценти од оние над 70 години веќе се имунизирани по трет пат.

Можете да прочитате

Се шири снимка стара 10 години: Што му кажа Хилари Клинтон на Трамп за Путин

Франција ги продолжи полициските часови за да ги смири немирите и грабежите

Секое дете во Германија ќе добива по десет евра месечно за пензиска заштеда