Утрински Весник
Македонија

Ѓеоргиевски: 4 години низ Кисела Вода гледаме бетонизација, време е за решенија на проблемите

Ѓеоргиевски: 4 години низ Кисела Вода гледаме бетонизација, време е за решенија на проблемите
Dik 300x250 mk

Нудам решенија за секој еден од вас. Не сакам да одвојам ниту минута за СДСМ затоа што тие се завршена работа. Граѓаните не се задоволни од нив, а ревизијата за нивното работење ќе си ја прават независни институции, кажа Орце Ѓеоргиевски, кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за Кисела Вода организирана во истата општина.

„ Четири години низ Кисела Вода гледаме бетонизација, дотрајани и ископани улица, канализациони и водоводни системи без капацитет, уништени паркови, напуштени и девастирани објекти и игралишта“, кажа Ѓеоргиевски.

Тој посочи дека власта и Филип Темелковски не направија ништо во изминативе 4 години.

„ Време е за решенија за проблемите. Јас ја барам поддршката од сите наши сограѓани. Не е време ниту за лево, ниту за десно. Време е да тргнеме напред. За да има нормални услови за живот за сите, за да прекине рушветот и митото, да има рамномерен развој, повеќе паркови, детски игралишта и инклузивност на ранливите категории“, рече Ѓеоргиевски.

Тој се обврза да биде меѓу граѓаните, на терен.

„ Гласот за малите партии кои ќе имаат свои кандидати во Кисела Вода е глас за Филип Темелковски и СДСМ. Затоа ја барам вашата поддршка без разлика на која партија и да припаѓате“ кажа Ѓеоргиевски со што и го заврши својот говор пред присутните.

Можете да прочитате

Пообилен дожд во западните делови, ќе престанат утре попладне

Почина пејачот и режисер Диме Поповски

После 7 месеци, пронајдена дамата херој од кочанската болница