Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

СЗО: Бројот на заразени лица расте во Азиско-пацифичкиот Регион, пандемијата е во критична фаза

СЗО: Бројот на заразени лица расте во Азиско-пацифичкиот Регион, пандемијата е во критична фаза
300x250 opst2

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека пандемијата Ковид-19 во Азиско-пацифичкиот Регион е во критична фаза и оти мора да се вложат сите напори за да се ограничи ширењето и да се избегнат поопасни варијанти.

Такеши Касаи, регионален директор на СЗО за Западен Пацифик, истакна дека бројот на заразени со ковид и смртни случаи во азиско-пацифичките земји нагло расте, главно поради многу заразната делта варијанта.

Во првите три недели од август регионот имаше 10 проценти од глобалната зараза Ковид-19 и повеќе од осум проценти од глобалните смртни случаи.

„Во оваа критична фаза на пандемијата, да продолжиме да работиме заедно. Во наша моќ е да ја намалиме заканата од вирусот со тоа што ќе ја искористиме максимално секоја алатка што ја имаме денес за да се бориме против него“, порача Касаи на онлајн прес-конференција.

Од СЗО споменуваат две сценарија кои се можни во наредните месеци.

Во првото сценарио, ризикот од Ковид-19 може да се намали и да се управува со него како сезонски грип и други болести што може да се спречат со вакцинација и превентивни мерки.

Во второто сценарио, може да се развијат уште поопасни варијанти кои ќе се шират уште полесно, ќе предизвикуваат посериозни болести или ќе бидат отпорни на постоечките вакцини.

„Најдобар начин е да сториме сé што можеме за да го ограничиме ширењето веднаш“, додаде Касаи.

Можете да прочитате

„Ројтерс“: Нетанјаху му се извинил на Катар за нападот врз Доха

Путин потпиша указ за нова регрутација: 135.000 лица на возраст од 18 до 30 години ќе бидат повикани за воена служба

Нетанјаху и Трамп ги почнаа разговарите за прекинот на огнот во Газа