Утрински Весник
Магазин

Џегер и Ричардс му оддадоа почит на Вотс, колегата од „Ролинг стоунс“

Џегер и Ричардс му оддадоа почит на Вотс, колегата од „Ролинг стоунс“

Сер Мик Џегер и Кит Ричардс му оддадоа почест на нивниот колега од бендот, тапанарот Чарли Вотс по неговата смрт.

Во објавите на Твитер и Инстаграм, фронтменот Мик сподели фотографија на која Вотс се смее додека седи зад тапани.

Гитаристот Ричардс, исто така, се огласи на социјалните мрежи за да сподели фотографија на која се гледаат сет тапани, со натпис „затворено“.

Вотс почина во вторникот на 80-годишна возраст во лондонска болница, објави публицистот на бендот.

Тој беше член на „Стоунс“ од јануари 1963 година, кога им се придружи на Мик Џегер, Кит Ричардс и Брајан Џонс во нивната нова група.

Вотс им помогна да станат, заедно со „Битлси“, еден од бендовите кои во шеесеттите го однесоа рокенролот кај масите со класици како I Can’t Get No Satisfaction, Jumpin ‘Jack Flash, Get Off My Cloud и Sympathy for the Devil.

Можете да прочитате

Кокаин пронајден кај големи бели ајкули на Бахамите

Научници дојдоа до неверојатни откритија: Човечкото тело како биолошки извор на светлина

Потребни се најмалку шест месеци за значително подобрување на липидниот статус