Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Талибанците ги повикаа авганистанските жени да им се приклучат во Владата

Талибанците ги повикаа авганистанските жени да им се приклучат во Владата
Img 7972

Талибанскиот службеник Анамулах Самангани најави општа амнестија за сите во Авганистан и ги повика жените да се приклучат во нивната влада.

Самангани, член на културната комисија на Исламскиот емират, името што го користат талибанците за Авганистан, го изјави тоа денеска за државната телевизија, која сега е под нивна контрола, пренесува АП.

„ Исламскиот емират не сака жените да бидат жртви“, изјави талибански претставник.

Тој додаде дека структурата на новата влада се уште не е целосно позната, но врз основа на претходните искуства, треба да има целосно исламско раководство и сите страни да бидат вклучени во неа.

Добитничката на Нобеловата награда за мир Малала Јусафзаи изјави денеска дека е длабоко загрижена за ситуацијата во Авганистан, особено за безбедноста на жените и девојките и ги повика светските лидери да преземат итни мерки.

Таа рече дека американскиот претседател Џо Бајден мора да преземе храбар чекор за да го заштити авганистанскиот народ по победата на Талибанците, додавајќи дека се обидува да допре до неколку светски лидери.

Малала, сега 23-годишна, едвај преживеа откако пакистански талибански напаѓач ја застрела во главата во 2012 година поради нејзината кампања против негирање образование на жените.

Можете да прочитате

Макрон: Ја потценивме Русија – 24info.mk

САД му ветија безбедносни гаранции на Катар, по неодамнешниот израелски напад во Доха

Хамас бара точен рок за повлекување на Израел од Газа и гаранции за завршување на војната