Утрински Весник
Македонија

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка кај Охрид

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка кај Охрид

Вчера во 11:10 часот на магистралниот пат Охрид-Ресен, кај охридското село Опеница, се случила сообаќајна незгода помеѓу патнички автомобил „Форд Мондео“ со охридски регистарски ознаки, управуван од С.Ј.(60) од Охрид и мотоцикл „Априлија“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од Г.Б.(25) од Прилеп.

Мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, додека Т.Т.(24) од Прилеп, сопатничка на мотоциклот, се здобила со телесни повреди.

Увид извршиле полициски екипи.

Можете да прочитате

Заев со остра порака на Фејсбук кон Груевски

Запленети цигари, девизи, лекови и верски предмети

Повторно затворен граничниот премин Евзони