Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Штутгарт на Чурлинов го здроби Гројтер, Хофенхајм „лош гостин“ кај Аугзбург

Штутгарт на Чурлинов го здроби Гројтер, Хофенхајм „лош гостин“ кај Аугзбург
Img 7972

По синоќешното реми на шампионот Баерн во Менхенгладбах кај Борусија (1-1), попладнево се играа пет дуели од првото коло во Бундеслигата.

Најинтересно беше во Штутгарт каде тимот за кој настапува македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов (тој мечот го проследи од клупата за резерви) со високи 5-1 го победи тимот на Гројтер Фурт.

Во првото полувреме Ендо и Клемен за само шест минути дадоа два гола, а во вториот дел Кемпф постигна уште два гола за убедлива предност на „швабите“. Последниот гол за домашниот тим беше дело Ал Гадиуи погоди во 61-та во „петардата“.

Гостите во финишот преку Левелинг успеаја да дојдат само до почесен погодок.

Ефикасен дуел и во Аугсбург. Хофенхајм како „лош гостин“ со 4-0 славеше во првиот сезонски меч.

Стрелци на головите за гостите беа Брун Ларсен (во прво полувреме), а во вториот дел Адамјан, Рутер и Руди.

Стартна победа и за Волфсбург против Бохум, стрелец на единствениот погодок е Вегхорст.

Во главниот град, Унион Берлин одигра нерешени 1-1 со фаворитот Баер Леверкузен, а со најнепопуларниот резултат заврши дуелот во Билефилд меѓу Арминија и Фрајбург.

Ова се попладневните резултати од 1. коло во Бундеслигата:

Штутгарт – Гројтер Фурт 5-1
Арминија Билефилд – Фрајбург 0-0
Аугзбург – Хофенхајм 0-4
Унион Берлин – Баер Леверкузен 1-1
Волфсбург – Бохум 1-0
Борусија (Д) – Ајнтрахт (Ф) (18:30 часот)

> Штутгарт на Чурлинов го здроби Гројтер, Хофенхајм „лош гостин“ кај Аугзбург <

Можете да прочитате

Младата репрезентација ја совлада Ерменија во евроквалификациите

Првенствените натпревари во фудбал се одложуваат поради Локални избори 2025

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер