Утрински Весник
Свет
Img 7972

Хаити погоден од силен земјотрес со јачина од 7,2 степени

Хаити погоден од силен земјотрес со јачина од 7,2 степени
300x250 opst2

Земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди регионот на Хаити во 14:30 часот. Првично беше објавено дека магнитудата е 7,6, што потоа беше исправено.

ЕМСЦ наведува дека епицентарот бил на длабочина од 10 километри и 49 километри југозападно од градот Тигвава, кој има околу 117.000 жители, односно 17 километри северно од градот Аквина со 5.200 жители.

Земјотресот го почувствувале и оние кои беа одалечени повеќе од 300 километри од епицентарот. Очевидви изјавиле дека почувствувале силно тресење, а некои напишале дека се треселе дури и креветите.

Жител на град оддалечен 100 километри од епицентарот на страницата на ЕМСЦ напишал дека земјотресот траел долго и дека силно се почувствувал.

Малку порано денеска пристигна информација и за силен потрес во Алјаска со јачина од 7 степени, на 171 километар оддалеченост од градот Сенд Поинт.

Според службите, во Алјаска нема опасност од појава на цунами.

Можете да прочитате

Најмалку четворица загинати и 12 повредени во пукање за време на прослава во Мисисипи

Трамп се закани со царини од 100% за увоз од Кина

19 лица загинаа во експлозија на фабрика во САД