Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Теута Арифи позитивна на Ковид-19 по две примени вакцини

Теута Арифи позитивна на Ковид-19 по две примени вакцини
300x250 opst2

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи преку социјалните мрежи објави дека е позитивна на Ковид-19.

Таа, како што пишува, имала малку зголемена температура и болки во коските, по што одлучила да се тестира.

„Вчера по некои мали здравствени проблеми, бев тестирана и излегов позитивна на Ковид-19. Почитувајќи ги здравствените протоколи, следните денови ќе останам во самоизолација примајќи ја потребната терапија“, напиша Арифи.

Градоначалничката била вакцинирана со две дози и ги охрабрува граѓаните да се вакцинираат што е можно поскоро.

„Иако пред повеќе од месец и половина ја примив втората доза од вакцината, вирусот се уште е меѓу нас и може да биде инфициран секој. Благодарение на вакцинацијата досега имам само благи симптоми, затоа ги охрабрувам сите граѓани да се вакцинираат што е можно поскоро. Останете внимателни и одговорни, заштитете се себе, семејството и другите околу вас“, напиша Арифи.

Соработниците од Кабинетот се тестирале за Ковид-19, а меѓу нив нема заразени.

Можете да прочитате

Мицкоски: Нема предавство со Бугарија!

Филипче од Јегуновце: Оваа власт е соголена од лагите кои самите ги ветуваа а не ги испорачаа

Филипче до Мицкоски: Никој тебе не те мрази, сите те презираат