Утрински Весник
Свет

Деветмина Австријци дури три пати се заразиле со коронавирус

Деветмина Австријци дури три пати се заразиле со коронавирус

Во Австрија, 1.447 лица биле два пати заразени со коронавирус, а девет лица биле заразени три пати, но осум од нив не биле вакцинирани, покажуваат податоците од Епидемиолошката база на податоци (ЕМС).

Од оние кои биле заразени двапати, 84,7 проценти не биле вакцинирани.

Кога станува збор за луѓе на кои три пати им била дијагностицирана болеста, девет или осум од нив не биле вакцинирани. Едно лице, кое беше заразено со корона по трет пат, беше само делумно вакцинирано.

Првиот случај на инфекција со коронавирус во Австрија беше регистриран на 25 февруари минатата година, а 533 дена потоа, вкупно 656.615 лица беа позитивно тестирани.

Можете да прочитате

Силен руски напад врз Украина, осум мртви, 11 ранети

Трамп: Куба побара помош, ќе разговараме со Хавана

Раскол кај британските лабуристи: Над 100 пратеници го поддржаа Стармер, 80 бараат негова оставка