Утрински Весник
Култура

„Стела“ го отвори филмскиот фестивал во Брач, најголемиот фестивал под отворено небо во Хрватска

„Стела“ го отвори филмскиот фестивал во Брач, најголемиот фестивал под отворено небо во Хрватска

Првиот македонски долгометражен филм за деца „Стела“ синоќа го отвори филмскиот фестивал во Брач, Хрватска.

Филмскиот фестивал Брач е меѓународен филмски фестивал на долгометражни играни филмови каде се прикажуваат новите дела на младите режисери, најчесто нивните првенчиња.

Во реализацијата на филмот „Стела“ кој се снимаше во 2019 година во Галичник, Скопје и во Германија, е вклучена меѓународна екипа која брои многу автори и филмски професионалци.

Во филмот главен лик е младата шарпланинка Стела, првпат на долгометражен филм е младиот Петар Маниќ, а во филмот играат и Дејан Лилиќ, Тони Михајловски, Симеон Дамески и српската актерка Христина Поповиќ. Сценариото е на Ева Камчевска, кинематографер е Горѓи Клинчаров, костимограф на филмот е Милена Миленковиќ, монтажер е Данчо Стефков, а композитор Оливер Јосифовски од Љубојна. Режисер е Стојан Вујичиќ, а продуцент Огнен Антов.

Филмскиот фестивал на Брач е млад и динамичен фестивал што се одржува во, како што некои го нарекуваат, историскиот центар на светот, каде вкрстувањето на културите, јазиците и луѓето резултираше со креативно создавање на врвна уметност.

„Стела“ е приказна за едно куче, шарпланинка, едно дете и еден дедо. Звучи идилчично, но не е. Откако детето Николa ќе проба да се самоубие заради булинг во училиштето, изгледа дека никој не ќе може да допре до него. Престанува со секаква вербална комуникација. Шарпланинката Стела е единствена која не бара ништо од него, не поставува прашања, не бара одговори. Доволно е неговото постоење и среќна е од неговата близина. Детето ќе почне да се поистоветува со неа, па неговиот глас може да се слушне единствено кога лае. Дедото, кој избегал од луѓето да живее сам на бачилото, неволно ќе го прифати Никола за во текот на оваа авантура да станат семејство бегајќи од своето вистинско семејство. Незнаејќи, со тоа ќе се доближат до она од што бегаат, но сега променети ќе можат да продолжат со животот или мирно да заминат од другата страна на вечноста.

Текстот „Стела“ го отвори филмскиот фестивал во Брач, најголемиот фестивал под отворено небо во Хрватска е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“