Утрински Весник
Македонија

Амбасадорката Брнз во посета на ЦУК-поддршка од тим на шумската служба на САД

Амбасадорката Брнз во посета на ЦУК-поддршка од тим на шумската служба на САД

Амбасадорката на САД Кејт Мери Брнз денеска попладне беше во посета на Центарот за управување со кризи.

Целта на средбата како што информираат од таму била претставување на тимот од Шумската служба на САД, којшто како поддршка од УСАИД на националните напори за справување со шумските пожари, во наредните две недели ќе пружи поддршка на субјектите и на ЦУК на стратешко и тактичко ниво, но и ќе се програмираат активности за понатамошна соработка.

Амбасадорката Брнз имала куса средба и со членовите на Главниот штаб за управување со кризи, којшто е во постојано заседавање, при што била информирана за актуелната состојба и справувањето со пожарите.

Можете да прочитате

Расчистен случајот со насилството врз малолетничка во Аеродром, поднесена кривична пријава против четири деца и пет родители

МВР со акција во Кисела Вода: Запленети марихуана и дигитална вага

Смртта на 24-годишната Македонка се уште е под истрага, се очекуваат токсиколошките резултати