Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Британски дипломат во Берлин шпиунирал за руските служби

Британски дипломат во Берлин шпиунирал за руските служби
300x250 opst2

Германското Министерство за надворешни работи многу сериозно го сфаќа случајот со апсењето на Британец кој работел во Британската амбасада во Берлин под сомнение дека испраќал документи до руската разузнавачка служба, изјави денеска портпаролот на Министерството, Кристофер Бургер.

Тој посочи дека шпионирањето на сојузничките држави на германско тло е „неприфатливо“.

Бургер додаде дека Министерството со внимание ќе ја следи истрагата на Државното обвинителство.

“Многу сериозно ги сфаќаме индикациите за шпионски активности на руската разузнавачка служба. Не можеме да дозволиме шпионирање на нашите блиски партнери на германско тло”, нагласи Бургер, пренeсуваат агенциите.

Германското сојузно обвинителство денеска објави дека британскиот државјанин бил уапсен вчера во Потсдам, како дел од заедничката истрага на германските и британските власти.

Според германскиот закон за приватност, уапсениот Британец бил идентификуван само како Дејвис С.

Во исто време, британската полиција потврди дека германските власти уапсиле 57-годишен британски државјанин, како дел од заедничката истрага.

Можете да прочитате

Нобеловиот комитет во понеделникот го одржа последниот состанок пред објавата на добитникот на наградата за мир

Европратениците ги отфрлија иницијативите за недоверба на Европската комисија

ИДФ се подготвуваат за повлекување на трупите од Газа