Утрински Весник
Спорт

Првиот човек на ПСЖ: Мбапе повеќе нема право да бара изговори

Првиот човек на ПСЖ: Мбапе повеќе нема право да бара изговори

Претседателот на ПСЖ, од прес конференцијата, на која прв пат како играч на клубот се обрати Лионел Меси, испрати силна порака до Килијан Мбапе.

„Килијан е компетитивен и јавно порачуваше дека сака таков тим. Сега мислам дека има таков тим. Повеќе нема право на изговори“, рекол Ал Келаифи.

Мбапе, во 2018 година за сума од 180 милиони евра стана играч на ПСЖ. Неговиот договор истекува наредното лето, а тој досега ги одби сите понуди да потпише нов. Доколку ПСЖ не го убедат да ја продолжи соработката до јануари, тогаш тој ќе го напушти клубот како слободен игра.

22-годишникот, за ПСЖ има одиграно 172 натпревари, на кои постигнал 132 голови и забележал 62 асистенции.

> Првиот човек на ПСЖ: Мбапе повеќе нема право да бара изговори <

Можете да прочитате

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија