Утрински Весник
Свет

Партнерката на Асанж побара од Бајден да ја повлече тужбата

Партнерката на Асанж побара од Бајден да ја повлече тужбата

Партнерката на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, Стела Морис го повика американскиот претседател Џо Бајден да ја поништи одлуката на администрацијата на неговиот претходник Доналд Трамп и да ја повлече тужбата против Асанж за шпионажа.

Таа пред затворот Берлмарш, каде што е Асанж, изјавила дека е сосема јасно дека администрацијата на Бајден треба да го одбие случајот, пренесува „Ивнинг стандард“.

„ Администрацијата на Бајден не може истовремено да ја брани слободата на медиумите и да ја продолжи оваа постапка. Тоа е полошо од лицемерие. Тоа е директен напад врз темелите на она што ја прави државата слободна и отворена, и тоа е нешто што не може да се вклучи и исклучи со прекинувач. Тоа е мрачно наследство што Бајден го прави свое, освен ако не направи пресврт, и тој ќе мора да го стори тоа “, рече Морис, која има две деца со Асанж.

Рочиштето за екстрадиција на Асанж во САД треба да се одржи денеска, каде го сомничат за шпионажа.

САД го осудија Асанж по 17 точки за шпионажа на 175 години, откако амбасадата на Еквадор, каде што се наоѓаше од 2012 година, го предаде на британските власти.

Можете да прочитате

Најголемиот електричен авион ќе полета следната година

Израелската армија објави дека цел на напад бил јужен Либан

Ужас во Австралија: Воспитувач силувал 60 девојчиња, бакнувал и бебиња – Осуден е на доживотен затвор