Утрински Весник
Македонија

Казнети 204 пешаци, од кои најмногу за преминување улица надвор од пешачки премин

Казнети 204 пешаци, од кои најмногу за преминување улица надвор од пешачки премин

Полицијата  казни 204 пешаци, од кои најмногу за небезбедно преминување на улица, информира Министерството за внатрешни работи.

„На територијата на целата држава денеска беше спроведена акциска контрола за прекршоците што ги прават пешаците, при што беа изречени вкупно 204 мерки, меѓу кои 169 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, 17 за непочитување на светлосните сообраќајни знаци или знаци што ги дава полициски службеник, 9 за движење или непотребно задржување на пешакот на коловоз, 6 за некористење на тротоар или друга површина наменета за движење на пешаците“, велат од МВР.

Од таму додаваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. .

Можете да прочитате

Кривична пријава за правно и физичко лице од Струмица, го оштетиле државниот буџет за скоро 50.000 евра

Aлександар Пендароски и Мартина Михајлова избрани за зет и невеста на Галичка свадба 2026

Во недела почнува летното сметање на времето