Утрински Весник
Свет

Американците предупредени, заради коронавирусот да не патуваат во 7 земји, меѓу нив и Хрватска

Американците предупредени, заради коронавирусот да не патуваат во 7 земји, меѓу нив и Хрватска

Американскиот центaриза контрола и превенција на болести (ЦДЦ) ги предупреди Американците да не патуваат во Израел, Франција, Тајланд, Исланд и неколку други земји поради зголемениот број случаи на „Ковид-19“ во тие земји.

ЦДЦ ги додаде на највисокото ниво на опасност „Ниво 4“ меѓу другите и Израел, Западниот Брег, Газа, Аруба и Француска Полинезија.

Американскиот Стејт департмент издаде и паралелна листа „Ниво 4-Не патувај“, која советува да се избегне патување во Исланд и Франција.

ЦДЦ ги стави Австрија, Хрватска, Ел Салвадор, Азербејџан, Гуам, Кенија и Јамајка на листата „Ниво 3“, што значи високо ниво на опасност од коронавирус.

Можете да прочитате

Амазон ќе затвори 16 илјади работни места

Градоначалникот на Минеаполис одбива полициска соработка во акции против имигранти

САД започнуваат технички разговори со Данска и Гренланд за интересот на Трамп