Утрински Весник
Магазин

(Видео) Џенифер Хадсон во гламурозно издание на премиерата на „Респект“

(Видео) Џенифер Хадсон во гламурозно издание на премиерата на „Респект“

Оскаровката Џенифер Хадсон заблеска во раскошен виолетов фустан на синоќешната премиера на биографскиот филм за Арета Френклин, „Респект“, во театарот „Риџенс вилиџ“ во Вествуд, Лос Анџелес.

39-годишната актерка родена во Чикаго зачекори на црниот тепих во креација без прерамки со страничен шлиц и чевли Кристијан Лубутин, избор на нејзиното стајлинг-дуо Wayman + Micah.

Фустанот на Џенифер има драматичен вел долг над шест метри.

Хадсон целосно ја отелотвори кралицата на соул-музиката, па дури и пее во живо во една сцена од филмот, кој ќе се појави во американските кина овој петок, а во кината во Велика Британија на 10 септември.

Френклин, која поседуваше еден од најмоќните вокали во музичката историја, почина пред три години, на 76-годишна возраст.

Пред да почине во 2018 година, соул-кралицата Арета Френклин лично ја избра Џенифер Хадсон да глуми во филмот за нејзиниот живот.

Филмот биографија  е во режија на Лизл Томи, а во него покрај Хадсон се појавуваат и Марлон Вејанс, Одра Мекдоналд, Форест Витакер, Квин Латифа, Марк Марон…

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста