Утрински Весник
Македонија

Приведени двајца скопјани, краделе во продавница во Ѓорче Петров

Приведени двајца скопјани,  краделе во продавница во Ѓорче Петров

Две лица од Скопје се приведени поради тешкa кражба во продавница во Ѓорче Петров извести полицијата.

Ноќва околу 01.40 часот на ул.„Ѓорче Петров“, полициски службеници од СВР Скопје – Единица за внатрешни работи Ѓорче Петров ги лишија од слобода Д.Д.(20) и С.М.(31), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека непосредно пред тоа извршиле кривично дело „тешка кражба“ во продажен објект на подрачјето на Ѓорче Петров.

Притоа, во нивна близина биле пронајдени повеќе предмети кои потекнуваат од кривичното дело.
Двете лица се приведени во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можете да прочитате

Муцунски за Euronews: Не сме проевропска држава само во реториката, туку и во вредностите што ги спроведуваме

Кривична пријава против три лица од Гевгелија и Струмица, организирале набавка и продажба на кокаин

Српски државјанин уапсен во Скопје, планирал ликвидација?