Утрински Весник
Свет

Противпожарен авион се урна на Закинтос, пилотот е полесно повреден

Противпожарен авион се урна на Закинтос, пилотот е полесно повреден

Противпожарен авион се урна денеска за време на принудно слетување на грчкиот остров Закинтос. Авионот леташе кон локација каде што имало мал пожар, пренесуваат регионалните медиуми.

Според последните информации, пилотот на авионот се здобил со полесни повреди, а причината за падот не е позната, пренесуваат агенциите.

Грција се бори со пожари веќе шест дена, а најголемиот фронт е на островот Евија, каде илјадници луѓе се евакуирани со траекти.

Можете да прочитате

Путин и наложи на руската влада да ги обнови складовите оштетени во украинските напади

Секој Полјак, во просек, должи повеќе од 5.000 евра

Мета ги отфрла обвинувањата дека намерно предизвикувала зависност кај децата