Утрински Весник
Македонија

Скопјанец и гевгеличанец фатени при размена на килограм марихуана

Скопјанец и гевгеличанец фатени при размена на килограм марихуана

На регионалниот пат Негорци-Прдејци од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, вчера попладне лишени од слобода биле Џ.С.(29) од Гевгелија и Ф.Н.(34) од Скопје.

Како што информираат од МВР, тие биле затекнати при примопредавање на пакување марихуана во количина од еден килограм. При обидот да биде лишен од слобода гевгеличанецот се обидел да избега, но бил фатен и кај него била пронајдена дрогата.

На местото на настанот извршен бил увид од страна на криминалистичка техника при ОВР Гевгелија, а двете лица се приведени во полициска станица.

Известен е Јавен обвинител и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена кривична пријава.

Можете да прочитате

Тошковски: К9 капацитетите се еден од клучните сегменти во регионалниот систем на безбедност

Два активни и еден изгаснат пожар до 14 часот

Две семејства се тепале во Тетово