Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Министерство за здравство: Пристигна лекот „Калидеко“ за пациентите со цистична фиброза

Министерство за здравство: Пристигна лекот „Калидеко“ за пациентите со цистична фиброза
300x250 opst2

Министерството за здравство информира дека денеска на Клиниката за детски болести е дистрибуиран лекот „Калидеко“, терапија за пациентите со цистична фиброза кои се носители на III -klasa CFTR “gatting” мутација.

Оваа набавка е за тројца пациенти кои ја имаат оваа ретка болест, со што им е обезбедена терапија за цела година.

Министерството за здравство почнувајќи од 2017 година е во редовна комуникација со здруженијата на пациентите со ретки болести, а, како што посочуваат од таму, со таквиот пристап значајно се зголемени буџетите во делот на ретките болести.

„По три години иницијални состаноци значајно е зголемен и бројот на лековите кои се вклучени во програмата за ретки болести и се бесплатни за овие пациенти. Со ребалансот на буџетот за 2021 година за третман на пациенти со ретки болести се обезбедени 580 милиони денари, што е значително повеќе, споредено со 2017 година, кога за буџетот на оваа програма биле издвоени 214 милиони денари“, наведуваат од ресорното министерство.

Можете да прочитате

Нагло заладување и обилен дожд, снег на планините од четврток

Мицкоски: Формирањето многудетно семејство е највисок патриотски чин на еден народ за сопствената татковина

Кирил Џајковски, добитник на „Голема ѕвезда на македонскиот филм“: Се радувам што филмската музика добива заслужено внимание