Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Кон: Состојбата во Србија е загрижувачка, наскоро ќе имаме по 1.000 новозаразени дневно

Кон: Состојбата во Србија е загрижувачка, наскоро ќе имаме по 1.000 новозаразени дневно
Img 7972

Бројката од речиси 600 новозаразени со коронавирус е изненадување и затоа наскоро се очекуваат по 1.000 нови случаи од Ковид-19 дневно, предупреди денеска епидемиологот Предраг Кон, додавајќи дека ситуацијата полека станува загрижувачка.

Тој вели дека најголемите закани за епидемиолошката состојба се јавните собири и прослави, и недоволно вакцинираните лица, поради што сега е време како што напоменува „да размислиме што не очекува наесен и да воведеме нови мерки“.

“Репродукцијата на вирусот се зголемува и во тој случај растот на бројките нагло ќе се забрза. Не можете да очекувате дека стручните лица ќе молчат, тие постојано зборуваат и предупредуваат дека не може да остане како што е. По мое мислење, сега е сериозно и време е да се види дали ќе се намали бројот на дозволени јавни собири, а се надвор од тоа ќе биде подложно на задолжително носење маски, особено пред училиштата “, вели Кон, пренесуваат регионалните медиуми.

Тој предупредува дека бројот на хоспитализирани во последните недели расте во однос на бројот на отпуштања и дека ситуацијата полека станува заканувачка. На прашањето дали може да се очекува Европската Унија да ја отстрани Србија од т.н „зелена листа“, Кон рече дека за тоа нема дилема.

Можете да прочитате

Талибанците забранија 679 академски книги и учебници

Неколку арапски држави предлагаат измени на планот на Трамп за завршување на војната во Појасот Газа

Италијанската полиција уапсила Албанец со над 27 килограми кокаин