Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Граѓаните пријавуваат лажни пожари, велат од скопската противпожарна единица

Граѓаните пријавуваат  лажни пожари, велат од скопската противпожарна единица
Img 7972

Во текот на изминатиот ден, во период од 10:00 до 21:45 часот во БППЗ-Скопје на бројот 193 биле примени 29 пријави за пожари на територија на Град Скопје.

„Од нив 22 пожари се со интервенција и нивно гаснење и локализирање навремено, меѓу кои и фабриката ОХИС каде се употребија повеќе возила и пожарникари. Седум пријави за пожар беа лажни. Меѓу другото се уште имаме екипи од БППЗ-Скопје во Пехчево-Берово, велат во соопштението од скопската противпожарна единица.

Поради зголемениот број пожари Владата вчера прогласи кризна состојба на територијата на целата земја во траење од 30 дена.

Од вторникот, исто така на сила е целосна забрана за движење во шумските области во целата земја.

Можете да прочитате

Сонце или дожд: Какво време не очекува утре?

Мицкоски: Време е за ресетирање на правосудниот систем

„Не ја политизирајте случката, нема политичко непријателство“ – Доктор Шаини проговори по нападот