Утрински Весник
Магазин

Слабеат собирајќи ѓубре: Научете што е „плогинг“ и зошто оваа активност е хит во светот

Слабеат собирајќи ѓубре: Научете што е „плогинг“ и зошто оваа активност е хит во светот

Замислете активност во која трчате, губите тежина и се грижите за човековата околина. Ваквата активност има официјално име „плогинг“ – нов тренд во фитнес кој комбинира џогирање и собирање ѓубре.

Плогирањето е попопуларна еко активност што ја донесоа скандинавските кралеви за заштита на животната средина – Швеѓаните. Она не претставува изненадување со оглед на тоа дека Шведска четврта година по ред е недопирлива на првото место на скалата на CCPI (Climate Change Performance Index) како земја со највисока свест за животната средина и климатските промени.

Што всушност претставува плогирање?

Ова оригинално име доаѓа од англискиот збор џогинг и шведскиот збор plock upp, што во превод значи „подигне“, во овој случај – ѓубре. Ова е многу ефикасна фитнес-активност, бидејќи покрај стандардната физичка рекреација, помага да се зачува животната средина.

Плогирањето воглавно се организира претходно, се собираат голем број луѓе кои сакаат да направат нешто добро за себе, но и за Земјата. Швеѓаните првпат се сретнаа со оваа активност во 2016 година во Стокхолм кога беше претставена од нејзиниот основач – Ерик Алстром. Потоа, овој тренд го зафати остатокот од светот.

Колку идејата е всушност вредна се докажа со меѓународната награда „Кристален компас“ што ја освои Алстром, а се доделува за извонредни достигнувања и оригинални проекти насочени кон зачувување на природното, историското и културното наследство. Оваа награда се нарекува и „географски Оскар“. Нејзиното мото е „Зачувај ја иднината!“.

Главни предности: двојна мотивација е примарниот фактор што го разликува плогирањето од другите фитнес-активности. Сите знаеме колку е лесно да се изгуби мотивацијата по првата недела од трчањето. Но, во плогирање, покрај желбата за подобра физичка подготвеност, сега имате дополнителна мотивација – да ѝ помогнете на планетата да се исчисти од ѓубре.

Луѓето што ја практикуваат оваа активност исто така ја чувствуваат и придобивката затоа што со плогирање се трошат повеќе калории отколку со класичното џогирање бидејќи повремено се наведнувате за собирање ѓубре, што всушност е еден вид интервален тренинг.

Можете да прочитате

Утринска навика која може да го зголеми ризикот од појава на деменција

Петто издание на винскиот фестивал во Охрид

Навика која родителите ја прават од љубов, а всушност му одмага на детето