Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Владата почна постапки за обезбедување 20.000 литри гориво за противпожарните возила и летала

Владата почна постапки за обезбедување 20.000 литри гориво за противпожарните возила и летала
300x250 opst2

Владата донесе одлуки за спроведување постапки за обезбедување 15.000 литри млазно гориво и 5.000 литри нафтени деривати за потребите на Дирекцијата за заштита и спасување, заради справување со појавата на пожарите.

Владата донесе одлука за отстапување нафтени деривати од стоковните резерви без надомест, од Агенцијата за стоковни резерви.

„Со одлуката е задолжена Агенцијата за стоковни резерви да отстапи 5.000 литри Еуродизел од стоковните резерви за потребите на Дирекцијата за заштита и спасување, без надомест, заради справување со појавата на пожарите на територијата на Република Северна Македонија, за противпожарните возила“, соопшти Владата.

Согласно Одлуката за постоење кризна состојба заради зголемена појава на пожари на територијата на целата држава и справување со непредвидливите последици, Владата го задолжи Бирото за јавни набавки да даде согласност на Генералниот секретаријат на Владата да спроведе постапка со преговарање без објавување оглас согласно член 55 од Законот за јавни набавки, за набавка на 15.000 литри млазно гориво за потребите на Дирекцијата за заштита и спасување.

Можете да прочитате

Нова еколошка катастрофа во Крива Река по хаварија во рудникот Тораница

Неделна прогноза за Македонија: Прво дожд и снег, па сонце

АД ЕСМ затвора дел од рудникот за јаглен во ТЕЦ „Осломеј“