Утрински Весник
Спорт

Дончиќ лут по поразот од Франција: Во ФИБА најверојатно се среќни

Дончиќ лут по поразот од Франција: Во ФИБА најверојатно се среќни

Словенечката кошаркарска суперѕвезда, Лука Дончиќ очигледно не беше многу задоволен од судиите по поразот во полуфиналето на олимпискиот турнир од Франција, јасно искажувајќи го својот бес при заминувањето во соблекувалната.

По крајот на мечот, Дончиќ бил забележан како вика: „ФИБА се најверојатно среќни“ поминувајќи низ салата за прес-конференции, а кога беше интервјуиран неговиот соиграч Жига Димец, тој на прашањето што се случи одговори: „ФИБА се случи“.

Словенците имаа неколку забелешки на судењето, посебно со една топка во средината на последната четвртина при 78:78, кога Тимоти Луваву-Кабаро го блокираше обидот на Јака Блажич, а откако Словенецот протестираше доби технички фаул.

> Дончиќ лут по поразот од Франција: Во ФИБА најверојатно се среќни <

Можете да прочитате

Македонија со трофеј од турнирот во Анкара

ФИФА враќа правило кое не се применуваше 20 години

Инфантино: Мундијалот 2026 ќе биде најдобриот во историјата