Утрински Весник
Македонија

Попладнево силен ветер и услови за невреме

Попладнево силен ветер и услови за невреме

Во пладневните часови како што инофмираат од УХМР на повеќе места низ државата дува засилен ветер а во 12 часот најсилен е ветерот во Битола кој повремено достигнува брзина до 40 километри на час.

Засилен ветер исто така дува во Штип, Ѓуриште и Тополчани.

Попладне ќе продолжи да дува умерен до силен ветер претежно од југозападен правец, повремено и со брзина од над 70 километри на час.

Од крајот на денешниот ден, преку ноќта и утре претежно претпладне ќе има локален пороен дожд, грмежи и на местата со поројни врнежи засилен ветер од променлив правец. На места процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, со пообилен пороен дожд за кратко време, силни електрични празнења и појава на град. Утре и во сабота температурите ќе опаднат за 4 до 5 степени.

Засилен претежно северен ветер ќе има и во текот на утрешниот ден, особено вдолж Повардарието.

Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Можете да прочитате

Нема место за паника – најавена почесна артилериска стрелба во Скопје по повод Денот на Армијата

МВР не дозволи учество на „Маршот за ангелите“ на луѓе од други градови

На „Табановце“ се чека околу 40 минути за излез од државата