Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Војвотката од Сасекс го одбележа роденденот со иницирање проект за менторирање на жени

Војвотката од Сасекс го одбележа роденденот со иницирање проект за менторирање на жени
300x250 opst2

За да го одбележи својот 40. роденден на 4 август, војвотката од Сасекс го објави стартот на нова амбициозна менторска програма за жени, 40 x 40, во која 40 нејзини пријатели ќе позајмат 40 минути од своето време за да бидат ментори некому во неволја.

Меган не отиде по конвенционалниот пат, туку ѝ се обрати на нејзината пријателка актерката и комичарка Мелиса Мекарти да ѝ помогне и да ѝ се придружи во најавата на проектот со специјално видео.

Објавено на веб-страницата на добротворната организација Арчивел, видеото ја прикажува Меган на видео повик со Мекарти, разговарајќи за тоа како треба да го одбележи својот роденден.

Меган објаснува: „Еве ја идејата. Бидејќи наполнив 40 години, барам од 40 пријатели да донираат 40 минути од своето време, за да помогнат во менторство на една жена да се мобилизира назад во работна сила “.

Војвотката од Сасекс дува свеќа на својот роденден

Можете да прочитате

Словенија, Шпанија, Холандија, Ирска и Исланд бараат „Евровизија“ да го исклучи Израел

Науката потврди: Овошјето ги штити белите дробови од загадениот воздух

Започнува најголемиот натпревар за средношколци во Македонија „СРЕДНОШКОЛЕЦ МИЛИОНЕР“