Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Министерство за труд: Речиси 60 проценти од вработените во градинките се вакцинирани

Министерство за труд: Речиси 60 проценти од вработените во градинките се вакцинирани
300x250 opst2

Министерството за труд и социјална политика ги повикува сите вработени во детските градинки кои не се вакцинирани да пристапат кон процесот на имунизација, со цел непречено одвивање на воспитно образовниот процес за време на пандемијата.

„Како ресорно Министерство упатуваме на општествена одговорност на сите вклучени во процесот на воспитување и образование на децата од предучилишна возраст, имунизацијата да продолжи со несмалено темпо во текот на целиот летен период. Истовремено информираме дека досега се вакцинирани речиси 60 проценти од вработените во градинките во државава и воедно апелираме и останатите 40 проценти на воспитувачи, негуватели и технички персонал да се вакцинираат за да може да биде обезбеден безгрижен престој на децата. Само така градинките по завршувањето на летниот период ќе можат да работат со полн капацитет“, велат од оваа институција.

Според нивните оценки вработените во градинките во изминатиот период покажале високо ниво на одговорност и професионалност и преку целосно почитување на Протоколот за заштита не дозволија внатрешно ширење на вирусот Ковид-19.

„Здравјето на сите граѓани вклучително и на најмалите е најважно. Затоа од големо значење е сите заедно да вложиме напори во обезбедување на безбеден престој на децата во градинките“, потенцира МТСП.

Можете да прочитате

Калајџиев: Опасно е што обвинението за пожарот во Кочани е нарачка од политиката, а не грешка

Филипче: Се потврди дека функционери на ВМРО-ДПМНЕ ја штителе дискотеката Пулс

Мицкоски: Очекуваме убедлива и голема победа на ВМРО-ДПМНЕ, СДС од 0 до 6 општини