Утрински Весник
Македонија

149 сообраќајни санкции во Скопје, 50 за брзо возење

149 сообраќајни санкции во Скопје, 50 за брзо возење

По засилените сообраќајни контроли во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје од страна на МВР биле изречени 149 казни меѓу кои за возење над дозволената брзина 50 санкции, 18 за возење без возачка дозвола, пет за возење под дејство на алкохол.

Биле изречени и пет мерки за некористење сигурносен појас, пет за користење на мобилен телефон, шест за нерегистрирани возила.

Од МВР најавуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот.

Можете да прочитате

Расчистени две кривични дела „измама“, лажни евра, накит и златници пронајдени при претрес во Велес

Странски возачи чекаат да ги платат казните од „Сејф сити“, гужва на Табановце

ЦУК: До 18 часот осум активни пожари и три под контрола