Утрински Весник
Спорт

САД се мачеа па ја прегазија Австралија

САД се мачеа па ја прегазија Австралија

САД успеаја да ја победат Австралија 97:78 и да изборат пласман во финалето на Олимписките игри.

Австралија можеше да избори и повеќе од убедлив пораз, бидејќи до средината на втората четвртина имаше предност од 15 поени.

Потоа „Кенгурите“, влегоа во негативна серија која траеше речиси десет минути. Им дозволија на Американците да се вратат во мечот и да ги контролираа настаните натеренот.

Двоецот на Милвоки Бакс, Крис Мидлтон и Џастин Холидеј со по 11 поени ја предводеа САД, Холидеј имаше и по осум скока и асистенции.

Пети Милс беше најефикасен Австралиец со 15 поени, Данте Ексум постигна 14.

САД, во финалето ќе играат против победникот од мечот Словенија-Франција.

> САД се мачеа па ја прегазија Австралија <

Можете да прочитате

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија

Истанбул ќе биде домаќин на дербито Турција – Македонија

Лазаревски: Наша обврска е да го дадеме максимумот