Утрински Весник
Спорт

Брутална пресметка на хулигани во Загреб

Брутална пресметка на хулигани во Загреб

Брутална навивалка пресметка синоќа се случи на улиците во Загреб, помеѓу навивачи на Динамо и Легија Варшава.

Според снимките кои се појавија на социјалните мрежи, пресметката меѓу хулиганите била претходно договорена. Тепачката била жестока, хулиганите користеле метални шипки и палки. Уништени биле неколку кафулиња.

Според информациите, во тепачката учествувале околу 200 хулигани.

Динамо и Легија, вечерва на „Максимир“ стадионот во Загреб, ќе го одиграат првиот меч од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите.

> Брутална пресметка на хулигани во Загреб <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина