Утрински Весник
Македонија

Граничниот премин Богородица повторно отворен, пожарот е ставен под контрола

Граничниот премин Богородица повторно отворен, пожарот е ставен под контрола

Граничниот премин Богородица од вечерва по 20 часот е повторно отворен за сообраќај, откако попладнево на сила беше одлуката за затворање поради тоа што во шумата во негова близина избувна пожар.

Пожарот што избувна во граничниот појас е локализиран и ставен под контрола од пожарникарите од Гевгелија и вработени во ЈП „Комуналец“, кои со помош од воени хеликоптери успеjаа да ги скротат пламените јазици и да ги спасат од поголема опасност објектите на потегот кон граничниот премин, меѓу кои и бензински пумпи и казина.

Поради активноста на пожарникарите, беше исклучена електричната енергија во објектот на граничниот премин и тој беше привремено затворен за сообраќај заради безбедност на патниците и за да се овозможи простор за пожарникарите да дејствуваат.

Можете да прочитате

Мицкоски: Форумот во Будимпешта носи нови партнерства, Македонија меѓу водечките во Европа по инвестиции

За првпат потпишан поединечен Колективен договор за вработените во Јавното обвинителство

Тетовец му го позајмил „бмв“на познаник, па наместо кај механичар завршило на отпад