Утрински Весник
Свет

Пожари во предградијата на Атина, илјадници луѓе ги напуштија домовите

Пожари во предградијата на Атина, илјадници луѓе ги напуштија домовите

Грчките пожарникари се борат со исклучително голем пожар што денеска се приближи до северните предградија на Атина, а огнот ги зафати населбите Варибоби и Ахарнес, принудувајќи илјадници жители на бегство.

„Напуштете ги своите домови веднаш“, ги повика градоначалникот на Ахарнес жителите преку државната телевизија. Жителите добиле предупредувања и СМС-пораки од службата за цивилна заштита.

Густи облаци чад се видливи насекаде над грчката престолнина.

Метеоролозите со денови предупредуваат на можноста за големи пожари бидејќи голем топлотен бран ја погоди Грција, што не се очекува да стивне оваа недела. Температурите се искачуваат над 40 Целзиусови степени. Во другите делови на Грција, пожарникарите се борат со голем пожар на островот Родос, што ги принуди жителите на неколку општини да се евакуираат.

Властите ја предупредија јавноста дека ризикот од пожари ќе биде многу голем дури и кога ќе помине топлотниот бран бидејќи има голема суша, а метеоролозите најавуваат силен ветер.

Можете да прочитате

Песков најавува преговори за Украина во Абу Даби во почетокот на ноември

Товарен брод потона во Црното Море кај Констанца по сомнителен напад со дрон; еден морнар е загинат

Најмалку 16 лица загинаа, 54 се повредени во земјотрес на Тибет со јачина од 7 степени