Утрински Весник
Македонија

Во пожарот кај преминот Богородица изгоре полициско возило, ја зафатил и караулата на АРМ

Во пожарот кај преминот Богородица изгоре полициско возило, ја зафатил и караулата на АРМ

По четиричасовната борба со пламените јазици кои го зафатија шумскиот појас крај македонско-грчката граница, пожарот е ставен под контрола, инфоримираат од општина Гевгелија.

Општинските власти посочуваат дека иако пожарот и натаму е активен, тој е локализиран.

„Пожарот зафати огромна површина борова шума, а поради ветрот истиот се прошири до грчка територија, зафаќајки ја и граничната караулата на АРМ, каде опожарено е едно полициско возило.

Во локализирањето на пожарот покрај противпожарната единица -Гевгелија, учествуваше и јавното претпријатие ‘Комуналец’ со механизација, како и граничната полиција и вработени од хотел ‘Фламинго’. На грчката страна во локализирањето беа вклучени и пожарникарите од Поликастро“, се наведува во општинското соопштение.

Можете да прочитате

Почна судењето против Трајко Бојковски, обвинет за четири убиства и два обиди за убиство

Голем заплен на Деве Баир – полицијата пронајде 24 пакувања марихуана во камион

САД испраќаат јасна порака: Критичните минерали се национален интерес, Македонија сè уште нема нов рудник