Илејн Томпсон од Јамајка ја потврди доминацијаѕа во спринтерските дисциплини. На златниот медал на 100 метри, таа му го придодаде и најсјаното одличје во трката на 200 метри.
Томпсон, во финалето на 200 метри го истрча вториот најдобар резултат на сите времиња. Во целта таа влезе во време 21.53 секунди. Овој резултат е за 19 стотинки послаб од светскиот рекорд што го постави Флоренс Грифит Џојнер на ОИ во Сеул во 1988 година.
Без медал остана нејзината сонародничка Шели-Ен Фрејзер-Прајс, која го освои четвртото место, (21.94).
Второто место со личен рекорд и рекорд на Намибија го освои 18-годишната Кристин Мбома (21.81).
Бронзата заврши кај Американката Габриел Томас (21.87).
> Кралицата на спринтот – Илејн Томпсон златна и на 200 метри <