Утрински Весник
Македонија

2000 евра глоба за скопјанец кој употребил лажен негативен тест на коронавирус на скопскиот аеродром

2000 евра глоба за скопјанец кој употребил лажен негативен тест на коронавирус на скопскиот аеродром

Против 37-годишен скопјанец кој се товари дека сторил кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог за издавање казнен налог.

На 25 јули, на Меѓународниот аеродром Скопје, обвинетиот употребил лажна исправа – фалсификувана медицинска потврда за негативен тест на SARS-CoV-2 вирусот.

Иако знаел дека не се тестирал во наведената лабораторија, тој го употребил лажниот сертификат пред аеродромските власти.

Јавниот обвинител на Основниот кривичен суд Скопје му предложи за обвинетиот да определи парична казна од 100 дневни глоби со поединечна висина на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.​​

Можете да прочитате

Амбасадата на Србија најостро го осуди нападот на нејзиниот Конзулат во Куманово

ОЈО бара притвор за три лица за предизвикување меѓунационална омраза за вчерашните инциденти со македонското знаме

Калајџиев: Најавите на премиерот дека извршната ќе ја апси судската власт се трагикомични