Утрински Весник
Македонија

78-годишен мотоциклист тешко повреден откако со мопед излетал од патот

78-годишен мотоциклист тешко повреден откако со мопед излетал од патот

78-годишно лице од Велес се здобило со тешки телесни повреди откако излетал од коловозот со мопедот кој го управувал.

Вчера околу 19.00 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Вардарска“ во Велес, мопед „апн 4“, со велешки регистарски ознаки, управуван од Ѓ.Р.(78) од Велес, излетал од коловозот.

Во незгодата, Ѓ.Р. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Велес.

Бил извршен увид на местото на незгодата.

Можете да прочитате

Мицкоски: До крајот на годинава очекувам договор за локацијата на новиот Клинички

Ученик нападнат пред средно училиште во Скопје, еден од напаѓачите извадил пиштол

Манијак во Карпош: Следел и допирал по телото 22-годишна девојка