Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Маргот Роби е визија во бело за премиерата на „Одред самоубијци“

Маргот Роби е визија во бело за премиерата на „Одред самоубијци“
300x250 opst2

Актерката Маргот Роби ги покажа своите беспрекорни модни инстинкти во понеделникот вечерта на премиерата на „Одред самоубијци“(The Suicide Squad) во Лос Анџелес.

31-годишната sвезда одлучи да го прескокне традиционалниот гламурозен фустан во корист на елегантен бел комплет панталони и топ од „Шанел“ – Chanel Resort 2022 Collection – за премиерата што се одржа во „Риџенси вилиџ“ театарот во Вествуд, Лос Анџелес.

Австралијанката, ѕвезда на „Беше еднаш во Холивуд“, го спои горниот дел со бели панталони со висок струк.

На премиерата присуствуваа и други членови на актерската екипа, вклучувајќи го и Џон Сина, кој се облече во костум од „Миротворец“, Сторм Рид, Џоел Кинаман и неговата партнерка Кели Гејл, и Кејт Бекинсејл.

 

Можете да прочитате

Се повеќе млади добиваат инфаркт – лекарите предупредуваат!

Истражување: Мажите се почувствителни на болка од жените

Загадениот воздух – нов „невидлив“ виновник за дебелината