Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Циманоускаја побарала азил во Полска, Јанез Јанша ја кани во Словенија

Циманоускаја побарала азил во Полска, Јанез Јанша ја кани во Словенија
300x250 opst2

Белоруската атлетичарка, Крисцина Циманоускаја, се наоѓа под заштита на јапонските власти, соопшти Интернационалниот олимписки комитет (ИОК). Циманоускаја, вчера, одби да влезе во авионот и побара азил, тврдејќи дека Олимпискиот комитет на Белорусија, против нејзина волја ја транспортирал да аеродромот во Токио.

24-годишната спринтерка, ноќта ја минала во хотелот на аеродромот, откако претходно побарала заштита од јапонската полиција.

Портпаролот на ИОК, Марк Адамс, рекол дека тие ќе продолжат да комуницираат со Циманоускаја, која барем засега ќе остане во Токио.

Таа на медиумите им изјавила дека се плаши да се врати во Белорусија и дека ќе побара азил во Австрија.

Неколку држави, меѓу кои се Полска и Чешка, соопштиле дека се подготвени да и обезбедат виза за да ја заштитат.

Денес, Циманоускаја, официјално побарала азил во Полска.

Во меѓувреме добила и повик од претседателот на Словенија, Јанез Јанша.

„Крисцина добредојде во Словенија“, напишал Јанша на „Твитер“.

> Циманоускаја побарала азил во Полска, Јанез Јанша ја кани во Словенија <

Можете да прочитате

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер

Миовски: Ние играме како тим и го докажавме тоа

Ѓоковиќ избори четвртфинале на Мастерсот во Шангај