Утрински Весник
Свет

Во Италија вакцинирани 60 проценти од граѓаните постари од 12 години

Во Италија вакцинирани 60 проценти од граѓаните постари од 12 години

Италија досега целосно вакцинираше 60 проценти од своето население постаро од 12 години. Тоа значи дека 32,4 милиони луѓе ги примиле двете дози на вакцината против коронавирус, изјави специјалниот комесар за коронавирус Франческо Филиуоло.

Иалија сака да вакцинира 80 проценти од населението до крајот на септември со цел да се здобие со т.н колективен имунитет.

Илјадници луѓе повторно учествуваа на протестите во текот на викендот во Италија против претстојните мерки за коронавирус што треба да стапат на сила другата недела.

Од 6 август, луѓето што сакаат да јадат во ресторан или да одат во музеј, на пример, ќе треба да покажат доказ за барем една примена доза вакцина против коронавирус, потврда дека имале коронавирус или негативен тест.

Можете да прочитате

Хронологија: САД ја завршуваат воената присутност во Ирак по 23 години

Според истрага, повеќе од 270 свештеници во Масачусетс злоставувале деца со децении

Од судско депо на Фиџи исчезна кокаин во вредност од околу 14 милиони долари