Утрински Весник
Македонија

Приведен лихвар од Свети Николе

Приведен лихвар од Свети Николе

Полицијата го приведе О.Ц.(49) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“.

Според информациите на МВР, при претреси во три објекти, сопственост на О.Ц.,биле пронајдени и одземени автомобил „фолксваген голф“, со кумановски регистарски ознаки, сопственост на лице од Куманово, автомобил „мерцедес“, со кумановски регистарски ознаки, сопственост на друго лице од Куманово, сообраќајни дозволи за двете возила, лична карта од едно лице, список со испишани имиња и пари.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање и расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Професор во средно училиште во Кичево натепал ученичка

Николоски: Набавуваме нови 49 возила и опрема за одржување на хигиената низ општините

Маж и жена прегазени на дивиот премин кај Бит Пазар