Утрински Весник
Свет

Српски автобус се преврте во Германија, повредени се најмалку 19 лица

Српски автобус се преврте  во Германија, повредени се најмалку 19 лица

Најмалку 19 лица се повредени при превртување на патнички автобус на германскиот автопат А13 помеѓу Стааков и Фрајвалде во правец на Берлин, соопштија германските медиуми.

Според неофицијални информации, возачот сакал да сврти на паркингот, но удрил во заштитна ограда и излетал од патот, по што автобусот се превртел.

Германските медиуми пишуваат дека автобусот е од Србија. Патувал од Белград преку Берлин до Стокхолм. Според Билд, повеќе од 70 спасувачки возила и шест хеликоптери се вклучени во спасувањето на повредените.

“Шест спасувачки хеликоптери, 30 спасувачки возила и 12 амбулантни возила се на должност. Покрај тоа, пристигна и противпожарна единица со 22 возила. Автопатот е затворен во двата правци”, пишуваат медиумите.

Според полицијата, двајцата возачи се здобиле со сериозни повреди, како и еден патник. Се уште не е познато колку патници имало во автобусот, но се знае дека тие се од Германија, Србија, Шведска и Израел.

Можете да прочитате

Денеска состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ, главна тема Орбан

Зеленски: Путин веќе ја почна Третата светска војна

Принцот Ендрју плаќал масажи со буџетски пари