Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Ракометниот клуб „Алкалоид“ почна со формирање на тимот – склучени првите договори со двајца млади играчи

Ракометниот клуб „Алкалоид“ почна со формирање на тимот – склучени првите договори со двајца млади играчи
Img 7972

Со склучувањето на првите два договора со едни од најперспективните млади ракометни надежи и репрезентативци, РК „Алкалоид“ го започна процесот на регрутација.

Мартин Серафимов (21 година), кој игра на позицијата десен бек, и Игор Ѓоргиев (21 година), кој игра на позициите централен и лев бек, својата кариера ќе ја продолжат во новоформираниот ракометен клуб РК „Алкалоид“.

Новиот македонски ракометен клуб, РК „Алкалоид“, е формиран со цел младите таленти кои имаат потенцијал и желба за игра правилно да се насочат и да се развиваат, во насока на градење врвни ракометни играчи со позитивни животни вредности.

Дефиниран систем на функционирање, правилна работа, како и интегритет и кредибилитет во работењето се основните начела за кои се залага овој клуб.

Со организација на стручната работа РК „Алкалоид“ ќе се стреми да им овозможи на играчите квалитетен и напреден тренажен процес, со цел нивно натамошно развивање и градење како врвни ракометари, кои ќе ги вложуваат своето знаење, искуството и позитивните вредности во македонскиот ракомет.

(ПР текст)

> Ракометниот клуб „Алкалоид“ почна со формирање на тимот – склучени првите договори со двајца млади играчи <

Можете да прочитате

Ѓоковиќ обезбеди учество на завршниот Мастерс

Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето

ФИФА му одговори на Трамп за евентуално одземање на правото на Бостон да биде домаќин на СП 2026