Утрински Весник
Спорт

Светски рекорд и олимписка титула за Шонмакер

Светски рекорд и олимписка титула за Шонмакер

Татјана Шонмакер, освои златен медал со нов светски рекорд, во трката на 200 метри градно, на Олимписките игир во Токио.

Нападот на светскиот рекорд, Шонмакер го најави во квалификациите. Во финалето, 24-годишната пливачка забележа време 2:18.95 минути, го собори планетарниот рекорд и стана првата пливачка која делницата ја испливала за помалку од две минути и 19 секунди.

Претходниот рекорд на Рике Педерсен од 2013 година изнесуваше 2:19.11 минути.

Останатите две места на победничкиот пиедестал им припаднаа на Американките. Среброто го освои Лили Кинг (+0.97), а бронзата Ени Лазор (+1.89).

Златен медал со нов олимписки рекорд освои Ема Мекион од Австралија во трката на 100 метри слободно. До победата дојде со време 51.96 секунди. Второто место го освои Бернадет Сиобан, а третото Кејт Кемпбел.

> Светски рекорд и олимписка титула за Шонмакер <

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ