Утрински Весник
Свет

Сè поголем притисок врз невакцинираните војници и државни службеници во САД

Сè поголем притисок врз невакцинираните војници и државни службеници во САД

Американскиот претседател Џо Бајден донесе серија мерки за поттикнување на вакцинацијата во САД, вклучително и задолжителна вакцинација за милиони федерални вработени, соопшти Белата куќа во четвртокот.

На федералните вработени кои не се вакцинирани нема да им биде дозволено да ги симнат маските дури и таму каде што циркулацијата на Ковид-19 е слаба и ќе мора редовно да прават тестови, еднаш или двапати неделно.

Тие исто така ќе бидат ограничени во патувањата, се вели во соопштението објавено пред говорот на американскиот претседател.

Ова е голем пресврт во политиката на администрацијата на Бајден, која досега ја отфрлаше секоја мисла за присилна вакцинација, повикувајќи се повеќе на личната одговорност на граѓаните и испраќајќи пораки за охрабрување.

Сојузната држава вработува 4 милиони луѓе, од кои 2 милиони се цивили.

Што се однесува до војската, американскиот претседател бара да размисли како и кога може да се додаде вакцината против Ковид-19 на листата на вакцини задолжителни за војниците.

Џо Бајден, исто така, ги повика локалните власти да плаќаат по сто долари на секој што ќе се вакцинира, за што ќе можат да ги искористат вонредните средства одвоени за борба против пандемијата.

Можете да прочитате

Портпаролот на терористичката „ИД“ го пофали нападот што го изврши во концертна сала во московскиот регион

Трагедија во Јужна Африка: 45 лица загинаа во автобуска несреќа

Илјадници налози на Телеграм блокирани поради повици на терористички напади